Нова епидемија на Ебола – Над 30 мртви

Во Конго се рашири нова епидемија на ебола која однесе над 30 човечки животи. Според министерството за здравство на Конго потврдени се 13 случаи на заразната болест. Сомнителни случаи на заболени има и во повеќе градови низ Конго. Последното избивање на ебола се случи една недела откако владата прогласи крај на епидемија во северозападиот дел на земјата, каде починаа 33 лица.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ