Тројца војници на НАТО убиени во Авганистан

Тројца војници на НАТО мисијата „Одлучна поддршка“ се убиени во Авганистан. Војниците се убиени во експлозија на бомбаш самоубиец додека вршела рутинска контрола во источниот дел на земјата. Засега не се потврдува нивната националност.

Во нападот исто така повреден војник од Америка и двајца припадници на авганистанските вооружени сили.

Генералот Џон Николсон кој е командир на војниците на САД и НАТО-мисијата упати сочуство до сите настрадани, велејќи дека нивната жртва ќе биде запаметена во историјата.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ