
Рама: НАТО ќе вложи 50 милиони евра во воздушна база во Албанија
Албанија ќе ја добие првата НАТО воздушна воена база за која во старт ќе бидат вложение 50 милиони евра. Албанскиот премиер Еди Рама соопшти дека НАТО одлучил да гради воздухопловна база во Албанија, која ќе биде прва од ваков вид во земјите од Западниот Балкан.
„Преку фондовите на Северноатлантскиот сојуз и во партнерство со Владата на Република Албанија, НАТО ќе инвестира над 50 милиони евра само во првата фаза на проектот за модернизација на воздушната база во местото Кучово“, напиша Рама на Фејсбук.
Рама пишува дека работите треба да почнат оваа година, а Кучово ќе служи како база за поддршка на НАТО и за воздушно снабдување, како и логистичка поддршка и поддршка за воздухопловната полиција, како и за обука и вежби на НАТО. Албанија е членка на Алијансата од 2009 година.