
Топлотен бран ја зафати Европа
Сателитските снимки од Европската свемирска агенција ја покажуваат очигледната промена на бојата на вегетацијата на северот од Европа. Во јуни се уште е зелено, но во јули бојата преминува во кафена…
Ова е резултат на топлинскиот бран,кој го живеат житлите од северниот дел на континентот. А климатолозите кулминацијата ја најавија за наредната недела, посебно во Шпанија и Португалија каде се очекуваат темпертури до 50 степени, за што денеска шпанските власти прогласија тревога.
Минатиот петок, Лондон го прогласи за најтопол ден во својата историја. Британските славни зелени ливади минуваат низ драматични трансформации во изминатава година, поради се почестите врели денови, што се и најчеста тема на разговор.
- Малку ми е чудно што не врне, а тука секогаш врне“
- Ќе беше подобро да е поладно, би сакал да заврне малку. Но, да, среќни сме што имаме вакво лето“
Можеби луѓето ја сакаат Медитеранската клима, но не се свесни дека наглите температурни промени наскоро ќе станат се почести, жетвата ќе биде се посиромашна, а до 2024-та година, цените на земјоделските производи значително ќе пораснат.
- Гледате дека листовите умираат и ако нема дожд, ова ќе биде крајот за овој морков.
Поради глобалното затоплување, топлинските бранови забавуваат и се шират кон половите на Земјата, а во Канада и Скандинавија, веќе беа избувнаа пожари поредизвикани од високите температури. А први нивни жртви беа луѓето. Потоа се исуши плодната почва, а на ред е рибниот фонд.
40-те целзиусови степени измерени минатата недела во Германија ги исуши Рајна и Елба толку многу што рибите загушени излегоа на површината. Во обид да се крене нивото на кислород во реките и езерата се пумпа свежа вода. Но, трагедијата се очекува следната недела, најавуваат експертите.
Необично топлата вода во Балтичкото море предизвика појава на токсична бактерија,поради што забрането е пливање на 50 плажи од неговиот брег. Во деловите од Европа каде луѓето не се навикнати на жешки лета, купувањето на неалкохолни пијалоци е двојно зголемено. Во Шведска се купуваат летни влечки преку интернет…Америка се уште се бори со дивите пожари, а во Јапонија 80 луѓе не можеа да ја издржат топлината.
Научниците во најголем дел се согласуваат дека глобалното затоплување е последица на човечкиот фактор, односно неконтролираното загадување со јаглероден диоксид на земјината атмосфера. Па така, ако не се намали емисијата на јаглерод, за десетина години ваквите топлотни бранови ќе ги викаме едноставно „лето“.
Алиса Шутиноска