Танкерот кој потона во Источнокинеското Морe излеа нафтена дамка долга 16 километри

Иранскиот танкер за нафта, кој потона во Источнокинеско Море, предизвика истекување на нафта од 16 километри, објавија денеска кинеските медиуми.

Според Кинеската централна телевизија, петното е широко од два до седум километри и се зголемило неколку пати од вчера, зголемувајќи ја загриженоста за нанесување на штета на морскиот екосистем.

На морската површина е почната операција за расчистување, а спасувачките тимови најавија запирање на големата потрага по преживеаните.

Танкерот, што превезуваше 136.000 тони кондензат, потонал вчера откако неколку експлозии го ослабнале трупот. Тој се запали по судирот со кинескиот товарен брод на 6-ти јануари.

Кинеските власти соопштија дека како резултат на експлозиите што го прекршија трупот, во водите се запалило големо количество нафта.

Ова е најголемото истекување нафта од 1991 година кога 260.000 тони нафта се истурија на брегот на Ангола.

Јапонската крајбрежна стража соопшти дека црниот чад се уште доаѓа од местото каде што бродот е потонат. Таа испратила два патролни брода и авион во таа област во потрага по исчезнати членови на екипажот и да ја проценат ситуацијата.

Во саботата кинеските спасувачки екипи пронајдоа две тела на танкерот. На 8 јануари, беше пронајдено друго тело, најверојатно морнар од танкерот.

Ирански официјални лица вчера изјавија дека се верува оти преостанатите 29 лица од екипажот од 32 члена се загинати

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ