Почина Оливер Драгојевиќ

Во 71-вата година од животот во Сплит почина Оливер Драгојевиќ, легенда на хрватската музичка сцена. Драгојевиќ починал утринава во 5 часот во сплитската болница, една година откако му беше дијагностициран канцер на белите дробови. Веста е потврдена и од семејството.

Оливер Драгојевиќ беше еден од најпознатите пејачи и во поранешните југословенски простори. Срцата на обожавателите ги освои со хитовите “Опрости ми папе”, “Галеб и ја”, “Веруј у љубав” и многу други, кои и денеска се евергрини на музичката сцена. Во својата 50-годишна кариера, сними 23 албуми, а добитник е на бројни музички награди. Настапи имаше во њујоршкиот Карнеги Хол, лондонски Ројал Алберт Хол, во Опера Хаус во Сиднеј.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ