Папата прифати оставката од кардинал обвинет за сексуална злоупотреба

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско ја прифати оставката на американскиот кардинал Теодор Мекерик, на местото во Колегиумот на кардинали, поради обвинувања за сексуална злоупотреба. Папата му наложил на кардиналот да се моли и кае додека трае канонското судење. Мекерик, кој е истакнат кардинал, е обвинет дека пред 40 години сексуално злоупотребувал тинејџер во Њујорк. Мажот кој го обвинува вели дека во тоа време имал 11 години, и тврди дека злоупотребата траела повеќе од две децении. Овие обвинувања се појавија минатиот месец, но брзо потоа се надополнија со уште три исти обвинувања. Кардиналот ги негира овие обвинувања.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ