
Две нови жртви во пожарите во Калифрнија
Катастрофалниот шумски пожар кој ја зафати Калифорнија зеде двајца пожарникари, и со тоа бројката на жртви се зголеми на три, откако претходно загина возач на булдожер. Пожарот веќе се доближи до градот Рединг, од каде се евакуирани десетици илјади луѓе, a меѓу нив има и повредени.
Во округот Шаста поажрите беа вовлечени од силно торнадо, кое направи пустош, во воздухот фрлаше автомобили, а уништи 500-тини домови. Пожарникарите соопштија дека под контрола се само 5 проценти од огнената стихија. Информациите се дека досега е уништена површина од 18 илјади хекатри. Со пожарот се борат околу две илјади пожарникари, но ситуацијата дополнително се влошува поради силниот ветер и високите темпретаури. Во моментов активни се 90 пожари, кои според експертите се најлошите во изминативе десет години.