
(видео) Светот беше сведок на најдолгото помрачување на Месечината во овој век
Луѓето во цел свет синоќа имаа можност да го видат најдолгото целосно помрачување на Месечината во овој век. Цел час и 43 минути Земјата ја засени Месечината, давајќи ѝ црвено-кафенаа боја, поради што овој редок природен феномен се нарекува „крвава месечина“. Појавата можеше да се набљудува од речиси целата планета, со исклучок на Северна и Централна Америка..Во исто време, Марс е во најблиската точка до Земјата во последните 15 години и како сјајна светла точка ќе може да се види и во наредните денови. Најдолгото помрачување на Месечината, не само што се совпадна со доближувањето на Марс, туку и со она што се нарекува наредување на планети, кога набљудувачите добиваат исклучително добар поглед врз Венера, Јупитер, Сатурн и Марс. Овој феномен на помрачување на Месечината нареден пат ќе имаат можност да го видат генерациите во 2123 година.