(видео) Калифорнија гори, прогласена е вонредна состојба

Силен пожар се шири со голема брзина во јужна Калифорнија, за кој се верува дека го подметнал пироман. Доцна синоќа евакуирани се над 3.000 луѓе. Во областите Риверсајд и Шаста е прогласена вонредна состојба поради пожарите чие ширење го помага и темепратурата во воздухор од 37 степени, силните ветрови и ниска влажност. Пожарот кој изби во средата брзо се претвори во огнен ѕид и голташе се пред себе. За само неколку часа зафати 1.900 хектари површина, уништи десетици куќи, а со неа се борат 700 пожарникари.

Пожари беснеат и на северот од Калифорнија. Еден човек загина во огнената стихија која излезе од контрола и ги натера жителите од округот Шаста да бегаат. За брзо време зафатил површина од 11,3 хекатри

Пожар избувна и во околината на Сан Диего, покрај автопатот, поради што евакуирани се 200 луѓе.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ