Информации за донирање за погодените од пожарите во Грција

Грчката Влада поради големата поддршка, интерес и солидарност од внатрешноста, но и на меѓународно ниво, отвори специјална банкарска сметка во Банката на Грција, за донации од странство за погодените во катастрофалните пожари. Дополнителни податоци за сметката се објавени денеска за сите оние кои сакаат да донираат:

Банка на Грција / Bank of Greece
број на сметка: 23/2341195169
IBAN GR4601000230000002341195169
Име: Министерство за финанси / Ministry of Finance
BIC/SWIFT BNGRGRAA

На оваа сметка, ќе имаат можност да донираат странски држави, компании, но и граѓани од Грција и странство, соопштуваат од грчката Влада и објаснуваат дека целта е обновување на погодените области и на јавната инфраструктура, како и санирање на штетите.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ