
Членките на ЕУ и помагаат на Шведска во борбата против шумските пожари
Полска испрати конвој противпожарни возила во Шведска како дел од помошта што членките на ЕУ ја испратија во земјата. Полскиот конвој им се приклучува на противпожарните авиони и хеликоптери од Франција, Германија, Норвешка и Литванија.
Шведска се соочува со најголемите шумски пожари регистрирани во историјата на земјата, засилени од најлошата суша во последните 70 години. Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт вели дека во некои региони количеството на дожд е најниско откако почнала да се води евиденција во 19 век.
Според шведските власти во моментов ширум земјата има дури 40 активни пожари, додека од почетокот на годината во Шведска биле регистрирани 53 шумски пожари. Просекот за овој период на годината, според податоците на Истражувачкиот центар на Европската комисија, изнесува само три пожари.