Демократите почнаа со сослушување на сведоци за руското мешање во американските избори

кампања на Доналд Трамп, четири часа сведочеше пред демократскиот разузнавачки комитет на Конгресот. Пападопулос минатата година призна дека ги излажал истражителите за своите средби со руски претставници и потоа стана клучен сведок во истрагата на Роберт Мулер за руското мешање. Симона Мангианте Пападопулос тврди дека нејзиниот сопруг е невин и сите активности ги преземал со цел да договори средба меѓу Трамп и Путин.

„Одговарав исклучиво на прашањата кои ми ги поставија, тој беше погрешнбо разбран затоа што постои сфаќање дека делувал за да предизвика соработка. Тој всушност нема никаква врска со Русија“, изјави Симона Пападопулос.

Истражителите на Мулер утврдиле дека Пападопулос контактирал со професорот Џозеф Мисфуд, кој наводно имал компромитирачки мејлови за Клинтон, информација која пак ја пренел до блиските соработници на Трамп во обид да докаже дека има врски во Москва преку кои може да организира средба со рускиот претседател. Средбата никогаш не се случи во текот на кампањата.

„Појаснив дека Џорџ не направи ништо лошо. Не се обиде да соработува со Мисфуд за да ги добие тие мејлови. Тој едноставно беше мета на оваа личност да може да зборува за тие мејлови со Џорџ. Но тој (Џорџ) никогаш не се обиде да остане во контакт со него за да ги добие тие мејлови.“, додава Симона.

Џорџ Пападопулос стана крунски сведок во истрагата на Мулер откако се согласи да соработува за да добие поблага казна во процесот кој се води против него и чија пресуда се очекува да биде донесена во септември.

Администрацијата на Трамп и републиканското мнозинство во Конгресот жестоко негираат дека Русија на некој начин влијаела на изборите. Претходниот комитет во кој мнозинството беше токму од републиканците, ги заврши сослушувањата и ја затвори истрагата на Конгресот а во извештајот заклучи дека не постоела незаконска соработка со руските претставници.

Републиканскиот комитет блокираше повеќе сведоци повикани од демократите меѓу кои беше и Марија Бутина, 29 годишната активистка за правото за носење оружје а која беше уапсена неделава под сомнение дека е руски агент. Апсењето на Бутина и сведочењето на Пападопулос доаѓа само неколку денови по самитот со Путин по кој Трамп изрази увереност дека не се вмешала во американските избори. Изјава за која беше жестоко критикуван во американската јавност.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ