
(видео) Белата куќа остана без струја за време на обраќање на Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера имаше средба со група конгресмени во Белата куќа во врска со неговите разговор со Владимир Путин, при што за време на негово обраќање во Белата куќа на миг снема струја.
– Ова мора да беа разузнавачките служби, прокоментира Трамп откако светлата повторно се запалија.
Откако целата американска јавност и неговите поддржувачи го критикуваа за неговиот настап на прес конференцијата во Хелсинки со рускиот претседател Путин, а посебно за неговата изјава дека „не гледа причина зошто Русија би била вмешана во претседателските избори во 2016-та во САД“, Трамп синоќа се обиде да ја „испегла“ ситуацијата. Изјави дека на самитот во Хелсинки направил грешка, и всушност мислел да каже „не гледа причина зошто Русија НЕ би била вмешана“, како и тоа дека им верува на разузнавачките служби чии заклучоци за руското мешање се сосема спротивни од тврдењата на Трамп.