Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа

Израел го затвори единствениот премин за размена на стока со Појасот Газа, како одговор на продолжените ракетни напади на екстремистичката група Хамас. За време на викендот Хамас изврши повеќе од 200 ракетни напад, додека израелската авијација таргетираше повеќе упоришта на организацијата како одговор. Во саботата Египет подржан од повеќе светски организации договори примирје со Хамас, но израелската влада не го поддржа.

„Позицијата на Хамас е дека окупацијата ја започна оваа агресија и таа треба да ја запре, смиреноста на окупационата страна предизвикува смиреност и на нашата страна. Потврдуваме дека секоја Ционистичка агресија против појасот Газа ќе добие директен одговор од отпорот.“, изјави портпаролот на Хамас.

Израелските власти наведоа дека немаат интерес повторно да војуваат со Хамас, но и дека повеќе нема да ја толерираат „екстремистичката кампања“ на групата. Вчера израелската армија го прошири системот за противракетна одбрана со нови инсталации и започна воена вежба во провенцијата Негев која симулира воена интервенција и  урбано војување во појасот Газа.

„Важно е Хамас да разбере дека се соочува со челичен ѕид, кој се состои најпрво од одлучна влада со силно локално водство и Ционистички заедници кои ќе продолжат да зајакнуваат и секако ИДФ.“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Израелската влада објави нов план за засилување на одбранбените инсталации долж границата на појасот Газа, каде во наредните 10 години ќе бидат инвестирани речиси 1,5 милијарди долари.

 

Игор Трајков

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ