
Коѕијас уверен дека Преспанскиот договор ќе „пројде“ во грчкиот парламент
Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас викендов изрази уверување дека Договорот од Преспа ќе биде поддржан од мнозинството пратеници во грчкиот Парламент, а во Македонија се очекува политичките чинители да се договорат околу одржувањето на референдумот, а со тоа и за новиот состав Државната изборна комисија (ДИК).
Шефот на грчката дипломатија Коѕијас во интервју за германскиот весник „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ изрази увереност дека договорот од Преспа ќе добие зелено светло од пратениците во грчкиот Парламент, па дури и од некои пратеници од Независни Грци, на што реагираше портпаролот на „Независни Грци“ дека ставот на Владата официјално го изразува владиниот портпарол, а се останато се лични проценки.