Денеска средба Трамп – Путин

Претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин денеска ќе се сретнат во Претседателската палата во финскиот главен град Хелсинки.

Американскиот претседател веќе рече дека со Путин не се ниту пријатели, ниту непријатели, туку сопарници.

„Одам на состанокот без големи очекувања, но може нешто и добро да се случи“, рече Трамп непосредно пред денешната средба.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изутринава рече дека критиките на Трамп за рускиот гасовод „Северен ток-2“ кон Европа се пример на бескрупулозно натпреварување и додаде дека тоа ја загрижува Москва. Песков оценил и дека разговорите на двајцата државници ќе бидат тешки поради ставот на САД кон Иран, кој е зојузник на Русија и голем фактор во сириската војна.

Предвидено е разговорот во четири очи ,еѓу двајцата лидери да се одржи во Готската сала во палатата.

Салата првично била на две нивоа, но при последната реконструкција на објектот, едното ниво е урнато, а наместо постоечкиот таван е изградена купола со витражи во готски стил.

Оваа сала вообичаено е местото каде прес-конференции одржуваат претседателите на Финска.

Заедничката прес-конференција на Трамп и Путин ќе се одржи во Државната сала на палатата.

Во оваа сала вообичаено се одржуваат коктели и приеми при посети на странски лидери на Финска и при одбележување на Денот на финската независност.

По средбата на двајцата претседатели во четири очи, во Салата на огледалата, уште наречена и Мала државна сала, ќе се одржат разговори на делегациите на двете земји.

Оваа сала во минатото било местото каде се ноаѓал престолот на финските владетели, а била користена и како салон за балови.

Пред самите разговори, во Жолтата сала на палатата ќе се одржи сесија на фотографирање на двајцата претседатели.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ