Претпоследното дете спасено од пештерата во Тајланд

Две деца се извлечени од пештерата во северен Тајланд, на третиот ден од спасувачката операција која досега трае седум часа.

Властите очекуваат ова да биде последниот спасувачки ден и до вечер да заврши голготата за сите заглавени во пештера Там Луанг, еден километар внатре во планината.

„Ако условите не бидат невообичаени, можеме да потврдиме дека денес од пештерата ќе излезат четирите момчиња и нивниот тренер, како и докторот и тројцата нуркачи кои се со нив од првиот ден“, вели шефот на спасувачката операција Наронгсак Осатанакорн.

Тајландските нуркачи пред неколку часа на својот официјален фејсбук профил напишаа: „Денес е 10 јули, 2018 година. Денешниот ден ќе биде подолг од претходните два. Но, ќе славиме заедно“

Момчињата кои веќе беа извадени од своето засолниште се чувствуваат добро. Потребно е да се рехабилитираат откако 17 дена поминаа заглавени во пештерата.

„Првите четворица пациенти беа на возраст од 14-16 години. Имаа ниска телесна температура. Внимаваме на нив и ги третираме со апаратура за загревање на телото. Дополнително, кај двајца констатиравме невообичаени резултати при зрачењето на белите дробови поради што се сомневаме дека станува збор за белодробни инфекции“, вели секретарот на Министерството за здравство на Тајланд Џедсада Чокдумронгсук.

Последен извлечен ќе биде нивниот фудбалски тренер кој има 25 години.

Него иако голем дел од корисниците на социјалните мрежи го потенцираат како виновник за состојбата во кој се нашле момчињата на 23 јуни, сепак реакциите на најблиските го говорат спротивното

„Да не беше со нив, кој знае што ќе се случеше со моето дете“ рекла една од мајките на децата.

Извлечените момчиња сместени се во карантин и таму ќе останат една недела. Семејствата на првите момчиња кои беа спасени од пештерата ги посетиле своите деца, но комуницираат преку стакло. Иако поканети да гостуваат на финалето на Светското фудбалско првенство, најверојатно тие ќе го гледаат натпреварот на телевизор во болницата.

Петар Догов

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ