Маск на Tајланд испрати „мини подморница“

Милијардерот Илон Маск, кој минатата недела се понуди да помогне во спасувањето на фудбалскиот тим од пештера во Тајланд, претстави уште една опција за смелата мисија. Неговата ракетна компанија Спејсекс изгради спасувачка капсула за момчињата и нивниот тренер. За градење на капсулата се потребни осум часа, и уште 17 часа за да се транспортира од Лос Анџелес до Тајланд. Маск ја нарече капсулата „подморница со детска величина“ и на својот Твитер профил напиша дека „се надева дека ќе помогне, ако не, тогаш може да послужи за некоја друга ситуација“.

Досега се спасени четити момчиња, но влошените временски услови може да го отежнат извлекувањето на останатите лица. Маск претходно испрати тимови од својата приватна компанија за истражување на вселената Спејсекс и инженерската фирма Боринг компани да понудат помош во спасувањето.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ