Најмалку 100 мртви во поплавите во Јапонија

Рекордни поројни дождови ги погодија југозападните делови на Јапонија. Најмалку сто луѓе загинаа, а повеќе од 60 се водат за исчезнати. Речиси шест милиони луѓе во 19 окрузи се присилени да ги напуштат своите домови. Голем број од луѓето се заглавени во своите домови поради поплавите, а уништени се и стотици куќи. Бројот на спасувачите е зголемен на 73.000, откако интензитетот на дождовите е намален денеска што овозможува спасувачката акција за исчезнатите да се засили. Но, метеролозите предупредуваат на нова опасност од топлотен бран кој се движи кон овој дел на земјата. Над 10.000 лица се уште се без струја, и во опасност од топлотен удар во неразладените домови, а десетици илјади се без вода за пиење. Уништени се бројни патишта, прекинат е железничкиот сообртаќај. За водата целосно да се испумпа од најзагрозените подрачја се проценува дека ќе бидат потребни најмалку две недели.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ