10 загинати и над 70 повредени во железничка несреќа во Турција

Десет лица загинаа, а над 73 се повредени во железничка несреќа во Турција. Пет вагони од патнички воз излетаа од шините во провинцијата Такирдаг во северозападна Турција, во близина на границата со Грција.

Несреќата се случила поради уривање на мост, предизвикано од свлечиште кое настанало на пругата поради невремето и силните поројни дождови во близина на селото Сарилир.

Гувернерот на провинцијата Такирдаг, Мехмет Џејлан информира дека во возот имало околу 362 патници.

На местото на несреќата веднаш пристигнале поголем број амбулантни и противпожарни возила.

Според новинската агенција Анадолија, возот се движел кон Истанбул.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ