Двете најголеми економии во светот започнаа трговска војна

Американските царини од 25 отсто за кинески увоз во вредност влегоа во сила означувајќи го почетокот на трговската војна меѓу двете најголеми економии во светот. Царинските давачки се однесуваат на 818 производи, вклучувајќи автомобили, авионски делови и хард дискови во вредност од 34 милијарди долари. Кина која веднаш воведе царини за 515 американски производи, во вредност од 34 милијарди долари, ги обвини САД дека ја започнале најголемата трговска војна во историјата.

„Сите обиди за наметнување на нереален притисок нема да дадат резултат и никој не треба да биде заблуден во тој поглед. Легитимните права на Кина се третираат неправедно, всушност, Кина веднаш ќе започне со неопходниот контранапад“, изјави министерот за надворешни работи Лу Канг.

Американските царини се резултат на обидот на претседателот Доналд Трамп да ги заштити американските работни места и да престане неправедното префрлање на американската технологија и интелектуална сопственост во Кина.

„Ја почитувам Кина, го почитувам претседателот Си, но тие не убиваат. 507 милијарди долари трговски дефицит минатата година, 507. Кој може да изгуби 507 милијарди. Кога пота сакате да направите нешто околу тоа, ве напаѓаат. Тоа не е добро, тоа не е слободна трговија“, вели Трамп.

Американската администрација веќе воведе царини на повеќе производи, челик и алуминиум увезени во САД од ЕУ, Мексико и Канада. Трамп исто така најави и нови давачки во висина од 200 милијарди долари за други кинески производи и предупреди дека висината на давачките може да достигне 500 милијарди долари. Но ЕУ, Мексико, Канада и Кина, исто така одговорија со реципрочни мерки и најавија дека ќе соодветно ќе одговорат на секој дополнителен чекор од САД. Спротивно на желбата на Трамп со која ја започна оваа светска трговска војна, да ги заштити американските работници повеќе американски компании, стравувајќи од зголемување на цената на производството најавија префрлање на нивните погони во странство а дел веќе објавија дека поради поскапувањето имаат откажани договори со странски компании.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ