
50 туристи исчезнати во бродска несреќа во Тајланд
Повеќе од 50 лица, главно кинески туристи, се водат како исчезнати кога туристички брод се превртел во Адаманско море, во близина на островот Пукет во Тајланд.
Како што соопштија властите 48 од 103 патниците се спасени.
Силни ветрови и понатаму беснеат додека трае потрагата по исчезнатите, сите служби соработуваат со спасувачките екипи и се во потрага по исчезнатите. А денес е издадено предупредување за невреме и лоши временски услови.
Портпаролот на гувернерот на Пукет изјави дека 48 патници се безбедно пренесени на копното, додека по најмалку 50 сè уште се трага.