Голема бура и се заканува на Србија

Продолжува серијата летни бури што го зафатија Балканот – српскиот Хидрометеоролошки завод за денеска прогласи тревога во најголемиот дел од земјата, освен во Војводина.

Под портокалова трегова се регионот на главниот град Белград, потоа Срем, Шумадија и долината на реката Морава. Југот на Србија е под жолта тревога.

Метеролозите предупредуваат на опасност од интензивни дождови и грмотевици во текот на вечерта и ноќта.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ