
Тврдата линија на Трамп затвори деца во кафези и ги одвои од родителите
Деца затворени во кафези, со шише вода, термички кеси и чипсови, додека чекаат одлука дали можат или не да останат во Америка. Целото време одвоени од своите родители, понекогаш и со недели.
Ова е тажната приказна која минатата недела беше откриена од страна на посетителите на еден од домовите за малолетници во Тексас, создадени со цел да ги сместат децата на уапсените нелегални емигранти фатени на границата помеѓу Мексико и САД.
Приказната е на новинарите од Асошиејтед Прес, на кои им беше дозволена да ја посетат структурата заедно со неколку американски пратеници.
Затворањето на малолетните деца е резултат на трамповата нулта толеранција политика околу емигрантите. Уапсените емигранти се одвојуваат од своите деца кои се сместуваат на различни локации низ САД. Разделбата може да трае и по неколку недели, а некои од децата се навистина премали, додека голем број од родителите не знае каде точно се наоѓа нивното дете.
Асошиејтед Прес раскажува за адолесцентка која морала да се грижи за мало девојче во пелени, во еден од кафезите.
Но, Трамп не попушта пред случајот кој ризикува да се трансформира во една многу тензична политичка криза.
„САД нема биде камп за мигранти, и нема да биде структура за чување на бегалци, нема да биде. Погледнете што се случува во Европа, гледате што се случува на други места, не може да дозволиме тоа да се случи и во САД. Не во мое време“.
Најмалку 2 илјади деца се одвоени од своите родители во последните 6 недели. Американските и меѓународните организации за човекови права се алармирани и вџашени од процедурата. Дури и се поголем број на републиканци отворено ја обвинуваат администрацијата на Трамп дека намерно се користи со овие методи со цел да обезбеди гласање на реформи на законот за емиграција како што и одговара на Белата Куќа.
Вчера се огласи и првата дама Меланија Трамп која преку еден необично и критичко соопштение издадено од нејзиниот партпарол ја осуди политиката на својот сопруг. За Меланија, со САД треба да се владее според законите, но и со срце. Вистинска хумана интервенција на првата дама, во една многу нехумана ситуација.
Ивор Мицковски