
Земјотрес во Осака, тројца загинати
Најмалку тројаца луѓе загинаа, и повеќе од 200 се повредени во силен земјотрес што го потресе јапонскиот град Осака. Загинало деветгодишно девојче кога се урнал подот околу еден базен, а две постари жени загинале откако полици со книги паднале врз нив.
Потресот со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран во 8 часот по локално време, а предизвикал прекин на струјата, водата и гас, како и пореметување во сообраќајот. Земјотресот е на длабочина од 13 километри на северот од Осака и не предизвикал цунами, а не се забележани ниту неправилности во работењето на нуклеарните централи. Инаку, ова е најсилниот земјотрес кој го погодил овој дел од Јапонија од 1923 година. Привремено се затворени двата главни аеродрома, а забележани се 70 случаи на заглавување на луѓето во лифтовите.