17 загинати во свлечиште во јужна Калифорнија

По десет сушни месеци, во кој беснееја и пожари, поројниот дожд кој без престан врнеше изминативе два дена во Јужна Калифорнија го претворија овој сончев регион во место на ужасот. Властите јавуваат за најмлаку 17 загинати, а спасувачите им помагаат на заробените во калта, но и да ги бараат исчезнатите.

„Се уште има исчезнати членови на семејства и пријатели и загрижени сме за нивниот несигурен статус. Среќни сме што можеме да ве информираме дека дел од оние за кои немавме информации сепак се на безбедно, и заедно со своите блиски, но сепак има 13 случаи на исчезнати“, рече Бил Браун, шериф на округот Санта Барбара.

50 луѓе се спасени со хеликоптер, 25 повредени се префрлени во болница, но се уште има домови кои треба да бидат евакуирани. Медиумите јавуваат за 300 луѓе кои се уште се заглавени источно од Санта Барбара.

„Ни снемува храна. Се надевам ќе можеме да се симнеме појужно за да земеме храна, но не знам дали воопшто можеме да стасаме до таму“, вели еден жител.

Овој регион минатиот месец беше зафатен од пожари кои соголија голем дел од вегетацијата кои всушност ги спречуваат одроните, кои сега се случија, носејќи кал и камења кои уништија се пред себе. Куќите  се поместени во темелите, а полицијата вели дека местата зафатени од свлечиштата „изгледаат како бојно поле од Првата светска војна“.  Патиштата се блокирани, поради што со хеликоптери беа спасувани луѓето кои  единствен спас наоѓаа на крововите од куќите. Пожарникарите кои се борат со калта во висина од еден метар, продолжуваат да трагаат по исчезнатите, по што регионот треба да премине во фаза на закрепнување, што значи дека Санта Барбара ја чека долг пат.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ