Нова евакуација поради можност од ерупција на вулканот Фуего

Нова евакуација е наредена во областите што се наоѓаат под вулканот Фуего во Гватемала. Ова предизвика паника дури и кај жителите кои жиеват во регионите кои не се засегнати од ерупцијата на вулканот. Вчерашната спасувачка потрага по затрупани беше ненадејно прекината откако од вулканот излезе врел гас и стопени карпи, кои овојпат полека се движеа надолу. Вулканолозите предупредуваат дека од топлината може да се создаде завеса од чад и пепел кои би можеле од ветрот да се прошират западно и северозападно во земјата. Во меѓувреме, бројот на жртвите се зголеми на 75 луѓе, но оваа бројка не е конечна, со оглед на тоа што  192-ца се водат за исчезнати.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ