Река вжештена лава проголта 25 луѓе во Гватемала

Жителите на малото гратче Ел Родео немаа доволно време да и се тргнат од патот на вжештената лава која со неверојатна брзина почна да излегува по ненадејната ерупција на вулканот Фуего во Гватемала.  25 луѓе загинаа, меѓу нив и деца…над 300 се повредени, а евакуирани се повеќе од три илјади. Густиот чад и пепелта што ја исфрла Фуего стигна и до главниот град Гватeмала Сити кој е оддалечен 40 километри вулканот.

Фуего, кој во превод значи „Огнен вулкан“, исфрла млазови лава во висина од десет километри. Преживеаните раскажуваат дека одеднаш реката лава, директно почнала да го сече малото село, горејќи ги луѓето и нивните домови.

 „Не успеаа сите да избегаат. Мислам дека се затрупани…

„Како успеавте да избегате ?

„Видовме како лавата ги покрива полињата со пченки и се искачивме по ридот“

„Колку луѓе бевте во вашето семејство?

„Многу“

„Сите се затрупани?“

„Мислам да“.

Додека лавата ги горела улиците од селото, спасувачите влегувале по куќите во потрага по заглавени жители. Поради временските услови утринава е запрена потрагата, но се стравува дека бројот на жртвите ќе се зголеми.. Државата прогласи тридневна жалост, а се очекува да се прогласи и вонредна состојба во најзасегнатите три области каде живеат речиси два милиони луѓе. Во наредните денови ќе се следи временската прогноза, бидејќи најавените дождови, според метеоролозите можат да придонесат за дополнителни проблеми.

Иако Фуего е активен вулкан, ерупцијата е втора годинава, но за неа немало никаква најава и е најсилна во изминативе 40 години.

 

Алиса Шутиноска

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ