Топ Тема на Ваша страна – Анкета: Рејтинзи на политичките партии и нивните лидери (30.05.2018)

За една година од мандатот премиерот Зоран Заев за сработеното не стигна ниту до оценка тројка. Според најновата анкета на Телма и МЦМС – граѓаните оценувајќи го со оцена од еден до пет на премиерот Заев му дале средна оценка 2,87. Најголем дел или единица, Заев добил од 26% од испитаниците; 22,2% – му дале тројка 15,5 – четворка; 15,2 % – петка; и 14,4 отсто – двојка. Сепак доколку утре се одржат избори, неговата партија според анкетата би ги добила изборите. Дали Заев заслужува уште еден мандат, кој е рејтингот на политичарите… Но и за прв пат мерење кој е добитник, а кој губитник во неодманешниот дуел Заев – Мицкоски гледајте вечерва во Топ Тема на Ваша страна.
Анкетата ја коментираат аналитичарите Владимир Божиновски, Алберт Муслиу и Сашо Клековски.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.