Украина ја обвини Русија дека за убиството на новинарот Бабченко во Киев

Премиерот на Украина Володимир Гројсман ја обвини Русија дека е вмешана во вчерашното убиство на познатиот руски новинар Аркадиј Бабченко во Киев. Гројсман на Фејсбук напиша дека руската тоталитарна машинерија не му прости на Бабченко за неговата искреност и принципиелен став“. Дека Русија е вмешана во неговото убиство тврди и главниот менаџер на телевизијата каде Бабченко работел.

„Најмалку два истрели го убиле новинарот, презентерот на телевизискиот канал АТР. Неговата сопруга била дома кога слушнала врева и отишла до вратата каде го нашла нејзиниот сопруг облиен во крв. Тогаш ги повикала итните служби, но за жал тој починал во амбулантното возило.“, изјави Јарослав Тракало – Портпарол на Националната полиција во Украина

Рускиот новинар, кој работел за различни весници и телевизии, заминал од Русија во 2016 година и имал своја емисија во Украина на кримско-татарската телевизија АТР. Некои светски агенции јавија дека Бабченко, кој бил еден од најпознатите руски воени известувачи, си заминал од Русија затоа што се плашел за својот живот. По синоќешниот напад за својот живот се плаши и главниот менаџер на телевизијата.

„Доаѓајќи наваму добив потврда дека Аркадиј починал. Мислам дека ова нема да биде последното вакво убиство. Мислам дека јас сум следниот кој ќе биде убиен.“, изјави Аидер Муџабаев – Управител на Кримско-татарската ТВ станица АТР

Непознати напаѓачи синоќа испукале повеќе куршуми во грбот на новинарот додека одел по улица. Според полицијата убијците го чекале Бабченко кој излегол од домот за да купи леб. Неколку часа пред да биде убиен, Бабченко на социјалните мрежи се потсети како на истиот датум пред четири години среќно успеал да ја избегне смртта. Заедно со украинскит евојници требало да ја посети воената зона но за него немало место во хеликоптерот со кој требало да отпатуваат а кој подоцна бил соборен од страна на проруските бунтовници.

 

Игор Трајков

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ