Руската дума го усвои Законот за контрасанкции против САД

Руската дума го усвои Законот за контрасанкции против САД и други земји, кои се оквалификувани како непријателски.

Одлуката за воведување на мерките треба да биде одобрена од претседателот Владимир Путин, а предлогот го дава Советот за безбедност на Русија.

Со Законот, Руската Владата, по одлука на претседателот, добива право да воведе различни контрамерки, кои во исто време не треба да важат за стоки од  витално значење, кои не се произведуваат во Русија и други земји. 

Во образложението стои дека целата на Законот е „заштита на интересите и безбедноста на Русија, на нејзиот суверенитет и територијална целост, на правата и слободите на граѓаните на Руската Федерација од непријателски активности на САД и други држави.

Односите Вашингтон Москва се заладија откако Трамп реши САД да го напуштат нуклеарниот договор со Иран, по што Русија потпиша спогодба за слободна трговија со земјите од евроазиската унија и Иран.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ