Белата куќа изработи комеморативна монета со Трамп и Ким

Белата куќа изработи комеморативна монета за претстојната историска средба Трамп и Ким. Монетата е украсена со профилите на Трамп и Ким кои се означени како „врховни лидери“ а на задната страна се знамињата на двете земји. На врвот на медалот се наоѓа натпис „мировни преговори, а на дното годината 2018 “.

Белата куќа редовно изработува комеморативни монети кои се подаруваат на високи функционери или се даваат како сувенири на посетителите.

Поради неизвесноста за одржување на средбата голем број твитерџии бурно реагираа дека е избрзана изработката на ваква паричка.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ