
Австралиски надбискуп осуден за прикривање педофилија
Австралискиот суд го прогласи католички свештеник Филип Вилсон за виновен за прикривање на сексуална злоупотреба на деца во 1970-тите години од минатиот век.
Вилсон, надлежен за Аделаида, е најстариот католик во светот кој ќе биде обвинет и осуден за делото. Според пресудата тој го прикрил сексуаалното злоставување на момчиња од свештеникот Џејмс Флечер од Нов Јужен Велс, осуден за педофилија.
За време на судењето, Вилсон негирал дека жртвите му кажале за злоставувањето. Една од неговите жртви, пред судот сведочеше дека детално му ја опишал злоупотребата на Вилсон во 1976 година, пет години откако се случила.
Судијата изјави дека е уверен во неговата изјава и ги отфрли тврдењата на Вилсон дека тој не се сеќава на разговорот, со образложение дека жртвата преку сведочењето се потврдил како кредибилен сведок.
Според судијата, свештеникот знаел дека “она што го слушал е веродостојно тврдење, а обвинетиот сакал да ја заштити Црквата и нејзината репутација”.