Средба Путин – Меркел во Сочи

Ангела Меркел пристигна во Сочи на средба со Владимир Путин. Путин ја пречека со букет рози, по повод првата посета на германската канцеларка на Русија, по тензичната средба од пред година дена, поврза со Украина и Руското мешање во американските избори.

Овој пат, рускиот цар и германската канцеларка се колку што се може поблиски. А причината за новата љубов и цветната атмосфера, е никој друг туку Доналд Трамп и неговата деструктивна надворешна политика. И двајцата во својот четврти мандат, Путин и Меркел сакаат да ги заштитат своите фирми од американските санкции, да го спасат гасоводот Северен тек 2 и да го одбранат иранскиот нуклеарен договор.

Путин ја искористи средбата и да испати порака до Западот поврзано со труењето на разузнавачот Скрипал, кој денес беше отпуштен од болница.

„Мислам дека да беше употребен воен нервен агенс, како што тврдат нашите Британски колеги, лицето моментално би починало. Воените нервни гасови се толку силни што можат да убија човек моментално, или за неколку секунди или минути. Фала му на бога што закрепнал, и што го отпуштиле од болница, и се надевам дека ќе биде жив, здрав и неповреден“, кажа Путин.

Ќе се збори меѓу двајцата особено за енергетиката, и за срамната понуда на Трамп која не и се допаднала на Меркел, каде Доналд побарал од Германија да се откаже од гасоводот со Русија, за сметка на нов трговски договор помеѓу САД и Европската Унија.

Но, дел од агендата е и Иран, и тоа темата која особено ги приближи Москва и Берлин, нешто незамисливо до пред еден месец,м после случајот Скрипал.

Ќе се бара решение и за Украина и за Сирија, особено поради фактот што и сиријскиот лидер Асад се појави во Сочи пред средбата. Што се однесува до европските санкции врз Русија, поради Украина, Меркел нема намера да му попушти на другарот Путин.

Ивор Мицковски

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ