Трамп призна дека ја подмитил порно актерката Даниелс

Американскиот претседател Доналд Трамп призна за првпат дека платил повеќе од 100 илјади долари на поранешниот личен адвокат Мајкл Коен, и тоа покрена повторно прашања за неговите врски со порно ѕвездата Сторми Даниелс.

Со ова признание всушност стануваат недоследни претходните објаснувања на Трамп дека не знае за исплатата од 130 илјади долари кои неговиот адвокат и ги дал на актерката Даниелс пред претседателските избори за да ја замолчи во врска со наводната интимна средба со Трамп во 2006 година.

Документот со признание што го потпиша Трамп, а го објави американската Канцеларија за владина етика, предизвика и коментари меѓу демократите и невладините организации за можно кршење на законот за финансирање предизборни кампањи, а кој бара јавно објавување трошоци за вршење влијание врз избори.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ