
Најмалку 10 убиени во терористички напад врз џамија во Авганистан
Најмалку 10 лица се убиени, а триесетина се ранети во денешниот терористички напад во авганистанскиот град Кхост, на истокот на земјата.
Напаѓачите активирале бомба во џамијата Јакуби кога верниците биле собрани за попладневна молитва. Во џамијата бил отворен и центар за пријавување на гласачи и се претпоставува дека тоа било причина за терористичкиот напад.
Претходно, седум Индијци вработени во електро-техничка компанија беа киднапирани во северната авганистанска област Баглан. Се претпоставува дека грабнувачите се членови на талибанското движење.