Руската полиција го притвори опозицискиот лидер Навални

Руската полиција го притвори опозицискиот лидер Алексеј Навални, на демонстрации против инаугурацијата на претседателот Владимир Путин. Според дел од руските медиуми, тој во текот на вчерашниот ден морал да се крие од полицијата откако голем број негови поддржувачи биле приведени.

Во градот Томск е уапсена координаторката на Навални, Ксенија Фадеева, додека пак во градот Краснојарск, во Сибир, дошло и до судири меѓу полицијата и демонстрантите при што биле уапсени стотина лица. На рускиот далечен исток, во Јакутск, приведени се најмалку 75 лица, а апсења имало и во градот Самара.

Илјадници демонстранти се собраа на плоштадот Пушкин, на протест против Путин, кој в Понеделник го започнува четвртиот претседателски мандат.

На протестите кои се одржуваат ширум Русија, под мотото „Тој не е наш цар“, уапсени се повеќе од 1.600 демонстранти.

Путин победи со 76 отсто од гласовите на изборите кои се одржаа на 18 март.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ