Светски ден на слободата на медиумите

Генерален тренд на опаѓање на медиумските слободи и влошување на условите за работа на новинарите и другите медиумски професионалци бележат агенциите на светскиот ден на слобода на медиумите. Балканот влегува во категоријата на сериозно намалување на слободата а Европскиот Парламент наведе дека слободата на медиумите на Западен Балкан е незадоволителна и апсурдно, се намалува паралелно со приближувањето на регионот до ЕУ.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека слободата на медиумите е суштинска за мирот, правдата и човековите права за сите.

„На светскиот ден на слободата на медиумите во 2018 година ги повикувам владите да ја зајакнат слободата на медиумите и да ги заштитат новинарите.  Промовирањето на слободата на медиумите е застапување на нашето право за вистината“, порача Гутереш.

36 новинари и медиумски работници се убиени од јануари до мај годинава, од кои двајца во Европа, Јан Куцијак во Словачка и Дафне Каруна во Малта.

Најновиот извештај за медиумските слободи на „Репортери без граници“ покажува дека иако тие во Европа се на највисоко ниво, сепак и кај нив се бележи опаѓање последнива години.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ