
Генерален штрајк на опозицијата во Ерменија
Десетици илјади граѓани се одзваа на повикот за граѓанска непослушност на ерменскиот опозициски лидер Никол Пашинјан. Демонстрантите ги блокираа главните крстосници и владини објекти во престолнинаа Ереван а протести се одржуваат и во други ерменски градови.
„Сите улици во земјата ќе бидат блокирани, заедно со железниците, метрото и аеродромот. Се што може ќе биде блокирано“, вели Пашинијан.
Пашинијан со недели ги предводи опозициските протести кои го принудија премиерот Серж Саргсијан да поднесе оставка а во гласањето во парламентот Пашинјан за осум пратенички гласови не успеа да ја презеде функцијата. Неговите подржувачи денеска им порачаа на пратениците дека го изгубиле трпението.
„Ако треба ќе одиме во војна затоа што веќе и сме во војна, не постои друг начин. Ако не сакаат тогаш нека си заминат, никој нема да ги запре“, вели демонстрантот Муктар Азовјан.
Пратениците од владејачката републиканска партија како знак на добра вољја не кандидираа премиер од нивните редови, но при гласањето не го подржаа ниту Пашинијан. Тие го обвинуваат дека при неговиот обид да стигне до власт донел хаос на улиците во Ерменија.
„Протестите сигурно се дел од политичката култура и манифестации, но политичките одлуки треба да бидат носени од потрезвени глави“, вели заменик претседателот на владејачката Републиканска партија, Армен Аштојан.
Никол Пашинијан ги предводеше и антивладините протести во 2008-та, кога Сергсјан за прв пат беше избран за претседател на Ерменија. Во демонстрациите кои прераснаа во судири со полицијата загинаа десет лица а Пашинијан беше уапсен и обвинет за убиство и организирање насилни протести, но беше амнестиран во 2011-та година.
Син на професор по физичко воспитување и поранешен новинар, Пашинијан тврди дека тој е единствената личност во Ерменија која може да организира слободни избори и дека ги искорени корупцијата, непотизмот и сиромаштијата од земјата.
Игор Трајков