
Топ Тема на Ваша Страна: Гласање за доверба на владата на Заев (11.04.2018)
Владата соочена со гласање на доверба – „животот дојде, но само за владините и партиските функционери на СДСМ и на ДУИ“ им порачаа од опозицијата. Ги обвинија за економско цунами, политички реваншизам, заробено судство. Власта се брани дека бил кус рокот за да се почуствуваат сите промени, а ги критикуваат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека со бојкотот на Собранието придонеле на таквата состојба. Ова е четврто гласање за доверба на Владата во историјата на независна Македонија, а досега падна само експертската Влада на Никола Кљусев во ’92.
Политички маркетинг или реална потреба? Зошто интерпелациите и гласањето на доверба се парламентарно оружје на секоја опозиција кога ефектот од нив е минимален. Во Топ Тема на Ваша страна вечерва се соочуваат координаторите на пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ Драги Данев и Томислав Тунтев.