Топ Тема На Ваша Страна: Состојбата на Клиниката за гинекологија (21.02.2018)

Минатата година, на скопската Клиника за Гинекологија починале 163 новороденчиња, 60 отсто од нив биле предвреме родени. Еден инкубатор делат по две новороденчиња. Клиниката е со двојно поголем број на родилки и бебиња од она што може да прими. Преку 40 општини немаат матичен гинеколог, родилиштата во внатрешноста се на раб на затварање. Дали меѓучовечките односи на клиниката влијаат на нејзината работа? Каде застанала претходната директорка, а со што продолжила нејзината наследничка?
Се соочуваат екс-директорката на Гинекологија Марија Хаџи Лега и актуелната Викторија Јовановска.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.