
Топ Тема На Ваша Страна: Злоупотреба на децата згрижени во државните домови за деца (16.02.2018)
Јавноста згрозена – абортирало 13-годишно девојче, силувано повеќе пати, згрижено во државна институција. Жена претепана до смрт од сопругот во Кочани, ќерката тешко повредена. Се грижи ли државата за жените и децата жртви на насилство? Што се случува зад вратите на домовите за згрижување деца, има ли злоставувања? Кој е одговорен што насилниците најчесто не се казнети?
Во Топ Тема на Ваша страна дебатираат министерката за труд и социјала, Мила Царовска и Латифе Шикова, Елена Димушевска и Драги Змијанац од граѓанските здруженија.