Топ Тема на Ваша Страна: Закон за амнестија (07.02.2018)

Речиси 800 затвореници деновиве излегуваат на слобода. Не може амнестијата да важи за едни а за други не тврди адвокатот Сашо Дуковски и бара да се преиспита Уставноста на Законот за амнестија . Министертвото за правда се повикува на комитетите на Обединетите нации и Советот на Европа. Осудените на доживотен затвор, убиства , педофилија, велепредавство и шпиунажа не се на списокот за амнестирање. Дали на Македонија и е потребна уште една амнестија? Дали нејзиното спроведување е објективно или селективно? Има ли поткуп или по партиска линија се делат решенија за ослободување?. Дебатираат адвокатот Сашо Дуковски, директорот на Управата за извршување санкции Јовица Стојановиќ , Ване Цветанов од Здружението за истражување, анализи и развој Зелена Лупа.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.