Помпео за еден глас обезбеди поддршка од сенатски комитет

Досегашниот директор на ЦИА Мајк Помпео, кого претседателот на САД Доналд Трамп го предложи за нов американски државен секретар, со тесно мнозинство гласови обезбеди поддршка од Комитетот за надворешни работи на Сенатот.

Се очекува во текот на неделава Помпео да добие и поддршка од целиот Сенат.

Сенатскиот комитет гласаше за поставување на Помпео на чело на дипломатијата на САД, откако сенаторот Ренд Пол, кој беше против номинацијата, сепак одлучи да гласа за кандидатот на Трамп.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ