81 жртва и повеќе од 50 исчезнати во поплавите во Јапонија

Најмалку 81 лице загина, а над 50 се водат како исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од невремето проследено со пороен дожд, што ги зафати западните и централните делови на Јапонија, соопштија јапонските власти.

Iсчезнатите лица најверојатно ги однеле надојдените води или се наоѓаат под наносите од кал предизвикани од свлечиштата.

Спасувачите ја проширија потрагата по исчезнатите и во пружањето помош на лицата кои останаа заглавени поради свлечиштата и поплавите. Само во округот Окајама, кој е еден од најпогодените од невремето, околу 1.850 лица останале заглавени на покривите на поплавените куќи.

Поради елементраната непогода наредена е евакуација на 5,9 милиони луѓе во 19 јапонски окрузи, а околу 30.000 лица веќе се сместени во прифатни центри.

Во акцијата за спасување и помош на настраданите учествуваат 54.000 полицајци, пожарникари и припадници на цивиланта заштита и крајбрежната стража, потпомогнати од 40 хеликоптери.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ