
800.000 раселени и 350 мртви во полавите во Индија, Папата повика на помош
Осумстотини илјади раселени и најмалку 350 жртви е досегашниот биланс на поплавите кои ја погодија индиската провинција Керала во југозападниот дел од државата. Армијата и спасувачите се борат да стигнат до жителите во областа Кург погодена со поплави незабележани во последните 100 години. Поплавите ги предизвикаа дождови во кои наврна количество вода двојно повеќе отколку во сезоната на монсуните.
Илјадници спасувачи се обидуваат да стигнат до поплавените, но и да им испораќаат помош во лекови и храна во отсечените области. Во акцијата се ангажирани стотици бродови и дваесетина хеликоптери.
Денеска временските услови во областа се подобрени, но околу 10.000 луѓе се уште треба да се спасат до утре, бидејќи од понеделник се очекува засилување на дождовите.
Премиерот Нерендра Моди вчера ја надлета областа со хеликоптер и им вети на локалните власти помош од над 70 милиони долари.
Според првичните процени штетата која ја предизвикаа поплавите се проценуваат на околу три милијарди долари.
Папата Франциск за време на денешната, неделна миса, побара минута молк за жртвите во поплавите во Индија и верниците да се помолат за нив. Тој повика и на конкретна помош за жителите на Керала.
„Мора на нашите браќа да има ја дадеме нашата солидарност и конкрена помош од меѓународната заедница. Ја изразувам мојата блискост со црквата во Керала, која е во прва линија за помаш на луѓето. Ние сите мора да бидеме блиску до црквата во Керала. Да се помолиме за оние кои ги загубија своите животи и за оние кои се погодени од оваа несреќа“, порача папата Франциск.
Меѓу луѓето кои дојдоа да ја слушнат неделната миса на Папата имаше и такви кои носеа транспаренти за поддршка на Керала.
Инаку во провинцијата Керала има голема и стара христијанска заедница.
Тамара Грнчароска