
Њујорк моли за помош, здравствениот систем има сила само до 5-ти април
Њујорк е новиот епицентар на КОВИД 19, каде заразата неконтролирано се шири. Бројките велат дека се хоспитализирани над шест илјади пациенти, од кои 1.600-тини се на машини за дишење. 519 луѓе починаа. Но, тоа е затоа што докторите не можат да стигнат на сите страни, работат деноноќно, а веќе и самите преминуваат од другата страна на фронтот, кај болните. Оваа американска сојузна држава повеќе не може да издржи, а 5-ти април е одлучувачкиот момент.
Го означив тој датум до Белата Куќа, како одлучувачки момент за градот Њу Јорк. Мора да сме сигурни дека ќе стигнеме до тој ден подготвени да се соочиме со неделата по тоа, како и неделата по тоа. а сега, не сме таму, изјави градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио.
Според Де Бласио, на секои 10 минути болеста зема по една жртва. Њујорк моли за помош.
Ги замолив за помош со дополнителен медицински персонал колку што е можно побрзо од нашата војска од целата нација, од цивилниот сектор беа јасни дека ќе ги мобилизираме сите од здравствената заедница на Њујорк, но ќе ни треба помош од надвор за да ја надминеме огромната магнитуда на кризата која е пред нас, изјваи де Бласио.
За побрзо да се спроведуваат тестирањата, властите дозволија употреба на тест кој дава резултат дали некој е позитивен на болеста во рок од 5 минути. Меѓутоа, тестот ќе се користи само за вонредни случаи бидејќи се уште не е одобрен од Управата за храна и лекови на САД. Америка сега се искачи на првото место по број на заболени во светот. Вкупно 104.300-та, половина од нив се во Њујорк. Италија останува на второтот место. Оние кои се на првата борбена линија, изгледаат вака.
Но, за нив надеж е алгоритамот од Кина, кој веќе е ставен во употреба. Преку оваа проценка, со компјутерската томографија за 20 секунди се одредува дали пациентот е болен од корона вирус.
Системот може да ги препознае деловите со пневмонија, да ги обои, и да направи проценка на големината во споредба со нормални бели дробови. Многу е сензитивен, па ако системот ни кажува дека нема пневмонија, можеме да бидеме сигурни дека пациентот нема проблеми, вели Бруно Зобел, директор на Дијагностички цебтар на универистетот Био-Медико.
Но, Шпанија и се доближува на Италија. Синоќа тука од корона вирусот починале 832-ца луѓе. На погребите нема кој да ги испрати, а оние кои ќе се изборат со болеста си одат дома со аплауз.
И како што бројката на заболени во светски рамки се ближи до 600-тини илјади, СЗО апелира на смиреност, заедничка борба и обединетост. До вакцината има уште од 12 до 18 месеци.
Алиса Шутиноска