Откриен најдолгиот тунел за шверц на дрога од Мексико во САД

Американските безбедносни сили во погранична контрола на американско-мексиканската граница го открија до сега најдолгиот тунел за шверцување дрога во земјата.

Тунелот во должина од 1.313 метри имал вграден лифт, шини за мини вагони, одводен систем и систем за вентилација. Влезот му бил во индустрискиот дел на пограничниот мексикански град Тихуана а излезот во околината на Сан Диего во Калифорнија.

Во моментот на откривањето на тунелот тој бил празен, американската погранична полиција не уапсила никого внатре, ниту пак затекла друга или пак било каква друга шверцувана роба.

За сега американските власти не откриваат дали имаат сознанија за тоа кој го изградил и користел тунелот. Американските медиуми потсетуваат дека тој дел од Мексико е под контрола на Синалоа катрелот, чиј лидер Ел Чапо Гузман минатата година беше осуден на доживотен затвор во САД.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ