НАСА во потрага по причината за невиденото топење на Гренланд

Научниците на НАСА ја скенираат површината на Гренланд следејќи го најголемото топење на мразот во последната деценија. Глобалното затоплување е главниот виновник, но научниците сакаат да ја откријат точната причина за растот на температурите.

„Во јули имавме невиден топлотен бран, рекордите паѓаа ширум континентот. Но она што се случи подоцна, топлотниот бран кој беше над Европа всушност се помести кон север. Времето се промени и топлината која ја мачеше Европа се помести над Гренланд и тоа всушност го предизвика ова големо, големо топење, вели Марк Серезе – Директор на американскиот Национален центар за снег и мраз.

Изминатава недела тим од научници со истражувачки авион спуштаат сонди во мразот на Гренланд за да ја откријат точната причина за забрзаното топење на мразот. Комбинацијата од топол воздух и затоплена вода предизвикуваат загуба на милијарди тони мраз на Гренланд секое лето. Замрзнатиот остров забрзано губи маса што може да доведе до забележително зголемување на нивото на океаните.

„Кога целосно би го стопиле мразот на Гренланд зборуваме за зголемување на нивото на морињата од околу 6 метри, преку 20 стапки. Сега тоа не би се случило уште долго, долго, долго, долго време. Но мораме да внимаваме на Гренланд затоа што од Гренланд зависи нивото на морињата, смета Серезе.

Зголеменото топење на мразот на Гренладн е процес кој треа речиси 30 години но количината која оваа година исчезна за научниците е загрижувачка. Според нив при нормални услови топењето се случува на долните слоеви кои се во контакт со потоплата вода во текот на летните месеци. Годинава значително топење беше забележано на површинскиот слој што е многу невообичаено но се објаснува со присуството на топлата маса која пристигна од Европа. Истата таа топла маса сега од Гренланд се префрли над Арктикот велат научниците на НАСА.

Игор Трајков

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ